Барселона најмалку дваесет дена без Дембеле

Барселона стигна до три бода на гостувањето против Хетафе, но тренерот Ернесто Валверде остана без помошта на Oсман Дембеле во следниот период.

Францускиот ас за првпат стартуваше еден натпревар во Примера дивизион во дресот на Барса, но издржа само дваесетина минути и откако се пожали на болка мораше да биде заменет.

Првичните прегледи потврдија дека станува збор за проблем со мускулот на ногата, поради што се препорачува пауза од најмалку три седмици од фудбалските терени.

Ова значи дека Дембеле ќе ги пропушти следните три средби во Примера дивизион, дома со Еибар и со Лас Палмас, како и на гостувањето против Гирона, а францускиот офанзивец нема да биде во комбинација ниту за дуелот со Спортинг во Лисабон во второто коло од Лигата на шампионите.

Се вчитува...