Барселона е 450 милиони евра во минус, Пике единствен од фудбалерите понудил помош

Барселона го запре проектот за реконструкција на „Ноу Камп“ поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Каталонскиот тим уште во 2014 година подготви студија за најсовремена реконструкција на стадионот со финансиска рамка од 800 милиони евра. До пандемијата на коронавирусот тоа не претставуваше никаков проблем, но кризата доведе до тоа клупскиот долг сега да изнесува 450 милиони евра.

Согледувајќи ја ситуацијата помош на клубот понуди и Жерард Пике, кој е познат по успешни бизнис проекти. Пике е подготвен и сам да вложи во стадионот, но најверојатно ќе се вклучи како посредник меѓу клубот и потенцијалните инвеститори.

Пике од поодамна и помага на Барселона на деловен план. Токму тој беше вклучен и во преговорите со јапонски „Ракутен“ кој неодамна го продолжи договорот како главен спонзор на клубот.

Приходите на Барселона оваа сезона се намалија за 19%, а огромен удар е и падот на бројот на туристи во градот од кои позитивен финансиски ефект секако има и фудбалскиот клуб. Клупскиот музеј како и фан-шоповите годишно ги посетуваат околу 1,2 милиони туристи, а тој сега веќе со месеци е затворен.

Се вчитува...