Барселона е победник на Меморијалниот младински турнир кој се играше во Скопје

Барселона е победник на Меморијалниот млaдински кошаркарски турнир кој по прв пат се одржа во чест и сеќавање на прерано починатиот, млад кошаркар Филип Сотиров – Фиц (1999-2014), во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје,

Во организација на КК Партизан Водно Санс и семејството Сотирови, под мотото „BE THE BEST YOU CAN BE“, на исклучително квалитетниот турнир учествуваа младинските кошаркарски екипи на Барселона, Фенербахче, репрезентацијата на Бугарија, Партизан Белград, Кајолу и КК Партизан Водно Санс.

Во финалниот натпревар Барселона славеше против Фенербахче со 83-79 стигнувајќи на тој начин до трофејот на турнирот.

Во натпреварот за 3. место одигран помеѓу екипите на Чајолу и Партизан Водно Санс славеше Партизан Водно Санс со 53-58. За МВП на натпреварот беше избран играчот на македонскиот тим, Петар Башовски.

Во натпреварот за 5. место меѓу екипите на Бугарска национална репрезентација и Партизан Белград, славеа белграѓани со 44-52. За МВП на натпреварот беше избран играчот Милан Аксентиќ од Партизан Белград.

Се вчитува...