Барселона, Фенербахче и Партизан во Скопје: Во чест на Филип Сотиров – Фиц!

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, на 7.  и 8. април, во организација на КК Партизан Водно Санс и семејството Сотирови, ќе се одржи меморијален, млaдински кошаркарски турнир – FICBALL. Турнирот се одржува по прв пат и е во чест и сеќавање на прерано починатиот, млад кошаркар Филип Сотиров – Фиц (1999-2014).

Под мотото „BE THE BEST YOU CAN BE“, на турнирот ќе се натпреваруваат и другаруваат младинските кошаркарски екипи на Барселона, Фенербахче, репрезентацијата на Бугарија, Партизан Белград, Кајолу и КК Партизан Водно Санс. Ова е и најсилниот кошаркарски турнир за млади категории организиран на наше тло.

На турнирот FICBALL, 80 млади кошаркари од Европа, ќе имаат можност да одиграат вкупно 13 натпревари, да создадат нови пријателства, да се инспирираат меѓусебно и заедно да го зајакнат тимскиот дух на секоја екипа.

Покрај добрата кошарка, публиката ќе има можност да проследи  и атрактивни  натпревари во забивање, шут за три поени, ќе се бира највреден играч, најдобри стрелци на секој натпревар како и најдобар стрелец на целиот турнир. Тренерите на тимовите, по завршувањето на сите натпреварите, ќе ја одберат најдобрата петорка на турнирот.

Турнирот ќе има и хуманитарен карактер, кој ќе се манифестира преку донирање на средства и реквизити во домот за деца без родители „11. Октомври“, од страна на сите екипи учесници во турнирот.

Филип Сотиров – Фиц

Целта на овој настан е преку промоција на здрав начин на живот, здрави навики и спорт, како и мулти-културно другарување низ тимските спортски активности, заедно да оддадеме почит на кошаркарот Филип Сотиров – Фиц, кој беше позитивен пример за млад човек, воден од мотивот да стане најдобрата верзија од себеси.

Влезот за натпреварите на турнирот е отворен за сите посетители и истиот е целосно бесплатен.

ГРУПИТЕ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР

РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВАРИТЕ:

Се вчитува...