Барселона ги претстави новите дресови, инспирирани се од ОИ во 1992 (ФОТО)

Во Каталонија се појави дизајнот на домашните и гостинските дресови на Барселона за следната сезона. Дизајнот е инспириран од клупските бои кои се наоѓаат на грбот, но и Олимписките игри кои се одржаа во Барселона во летото 1992 година.

Оваа информација неофицијално ја пренесува „Спорт“, а според истиот извор на дресот треба да се најде и златна лента како посвета на 30-годишнината на најголемиот спортски настан во историјата на градот. Претставувањето на новиот дрес ќе биде порано од вообичаеното, на 3 јуни, а продажбата треба да започне неколку дена подоцна.

Дресот ќе доживее и уште една голема промена. За потсетување, Барселона потпиша историски договор со „Спотифај“. Започнува во јуни, ќе трае три години, а Барселона од стриминг гигантот ќе добие 280 милиони евра. За возврат, „Спотифај“ станува главен партнер на клубот и официјален аудиостриминг партнер. Неговиот бренд ќе се наоѓа на предната страна на дресовите и ќе биде додаден на името на стадионот кој во иднина ќе се нарекува „Спотифај Камп Ноу“.

 

 

 

 

 

Се вчитува...