Барселона ги продолжи договорите на четворица играчи со намалени плати: И Пике против Меси

Барселона ги продолжи договорите со четворица играчи. Веднаш по победата над Ференцварош во првото коло од групниот сегмент во Лигата на шампионите, клубот соопшти дека Марк-Андре тер Штеген останува до 2025, а Џерард Пике до 2024 година. Ако го одработи овој договор до крајот, дефанзивецот ќе биде дел од Барселона цели 16 години.

Ференки де Јонг кој во клубот дојде минатото лето од Ајакс договорот го продолжи на уште две години и во Барса треба да остане до 2026 година. Нов договор има и Французинот, Клеман Лангле. Во клубот е од 2018 година, а според новиот догвор ќе остане до 2026.

Тоа се четворицата фудбалери кои се согласија на нови договори со клубот со намалени плати, поради пандемијата на коронавирусот. Претходно се знаеше дека Тер Штеген, Де Јонг и Лангле се согласни на намалување на платите, а сега на нивна страна, а очигледно против групата на Лионел Меси која се противи на намалување на платите, е и Џерард Пике.

 

 

Се вчитува...