Барселона ги распродава седиштата и тревата од „Ноу Камп“ (ФОТО)

Финасиските проблеми Барселона ќе ги решава со продажба на различни предмети од срушениот стадион „Ноу Камп“. Во моментов се реновира домот на шпанскиот првак, по што натпреварите ги игра на „Монжуик“.

Каталонците најавуваат продажба на седиштата на претходниот стадион, како и други интересни предмети. Цените за седиште почнуваат од 99 евра, а секој кој поседува сезонски билет би можел да го откупи сопственото столче на кое седел на стадионот.

Навивачите ќе може да купуваат и делови од тревата, од земјата или од мрежите на головите. За оние „побогатите“ ќе има и специјални дијаманти направени од јаглерод кој беше изваден од почвата на тревникот од последниот натпревар против Мајорка на 28. мај 2023 година. Нивната цена е од 499 евра па нагоре.

Се вчитува...