Барселона гледа кон Рим – желбата е Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Каталонскиот гигант Барселона е заинтересирана за услугите на Србинот Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Директорот на Барселона, Роберт Фернандез и неговиот колега Урбано Ортега вчера беа во свечената ложа на мечот Лацио – Торино да го проследат настапот на двајца фудбалери на „орлите“ од Рим, Стефан Де Врај и Сергеј. За холандскиот дефанзивец постои интерес но тој е далеку од примарна трансфер цел на Барса, додека за српскиот репрезентативец и тоа како се подготвени да се „борат“ со останатите европски гиганти. Газдата на Лацио одреди ја цената за услугите на Сергеј, околу 110 милиони евра ќе бидат доволно за Лолито да даде зелено светло на Савиќ да си замине од „Олимпико“.

Но, „каталонците“ не се сами во оваа трка, двата клубови од Манчестер ја чекаат својата шанса за преговори, а секако тука е и Јувентус. „Старата дама“ долго време се обидуваше да го присвои Сергеј пред да настане „кавга“ за потписот на 21-годишниот играч од средниот ред, но, наводно крајната понуда од Јувентус изнесувала 70 милиони евра, а Лолито без размислување ја одби.

Иако Барселона се уште се надева на Кутињо, за кој ќе треба да издвојат повеќе од 140 милиони евра, и за Милинковиќ – Савиќ е примарна „мета“ за кого исто така ќе треба да издвојат огромна сума на пари, но со тој ангажман би обезбедиле наследник на искусниот Андрес Иниеста.

Се вчитува...