Барселона го доби дербито со Монпелје, втор пораз за Партизан и Гонзалез

Дерби дуелот од второто коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони му припадна на бранителот на трофејот. Барселона како гостин со 28:27 славеше против Монпелје.

Барселона во најголем дел од натпреварот беше во водство, освен од 15-та до 20-та минута кога домаќините направија серија 6:0 и поведоа со 11:9. Но, ракометарите на Барселона по тајм-аутот, се созедоа постигнаа два гола за 11:11, а потоа со по две серии од 0:3 на пауза заминаа со предност од 15:18.

Во вториот дел, Барселона не ја испушти предноста иако во финишот, домашните ракометари дојдоа на минус еден. Но, на секој гол на Монпелје, играчите на Барселона одговараа со гол и на крајот дојдоа до триумф од 28:27. Дика Мем со пет гола ја предводеше листата на стрелци кај Барселона, додека во редовите на Монпелје најпрецизен беше Вилемино со седум гола.

Партизан кој од клупата го предводи човекот кој му ја донесе првата европска титула на Вардар, а потоа беше и селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзалез, го доживеа вториот пораз во ЛШ. Овојпат Партизан загуби на гостувањето кај Порто со 32:28.

Магдебург немаше проблеми во Швајцарија, со 39:29 го совлада Криенс и ја оствари втората победа, додека дуелот меѓу Скандеборг и Динамо Букурешт заврши без победник.

Се вчитува...