Барселона го распушти тимот, нема тренинзи до следна одлука

Шпанскиот првак Барселона донесе одлука да го распушти тимот до следна одлука. Ла Лига е официјално суспендирана за наредните две кола, а се ќе зависи и од развојот на ситуацијата со коронавирусот во Шпанија, но и во цела Европа.

Претседателот Хозеп Мариа Бартомеу ги собра фудбалерите и стручниот штаб на претпладневниот тренинг и им соопшти дека тоа е последниот собир до донесување на следна одлука, а сите во моментот треба да се грижат за сопственото и здравјето на најблиските.

Се вчитува...