Барселона го „растури“ Реал Мадрид за трофеј во Лига-Купот (ВИДЕО)

Барселона е освојувач на шпанскиот Лига-Куп, откако во финалето одиграно во Ријад, го „растури“ тимот на Реал Мадрид во првото Ел Класико во 2023 година. Барса на крајот триумфираше со 3-0, целосно надигрувајќи го својот противник. „Кралевите“ беа непретпознатливи, а дека ова беше слабо нивно издание доволно говори податокот што првпат шутнаа на голот во 70. минута.

Победникот се „надзираше“ уште во првиот дел, кога „Каталонците“ имаа предност од 2-0. Гави во 33. минута погоди по асистенција на Левандовски, а потоа обратна ситуација. Во 45. минута Гави му асистира на Левандовски за предност од 0-2.

Во вториот дел сликата не се промени. Дембеле имаше можност за 0-3, но Куртоа ги спасуваше „кралевите“ од дебакл. Меѓутоа немаше спас во 69. минута кога по една одземена топка и брза транзиција, Левандовски додаде до Гави, а овој асистираше до Педри кој погоди за 0-3. 

Дури после Реал Мадрид успеа да упати неколку удари кон голот на Тер Штеген, а да постигне еден гол само во судиското надополнување кога во листата на стрелци се запиша Карим Бензема.

За Реал Мадрид ова беше вториот пораз во 2023 година, откако на стартот од годината загубија од Вилјареал во шпанскиот шампионат.

Се вчитува...