Барселона го шутна Јасикевичиус и изненади со неговата замена

И покрај најавите за продолжување на соработката помеѓу Барслеона и Шарунас Јасикевичиус, каталонскиот гигант денеска му се заблагодари на литванскиот стратег за времето поминато во клубот и воедно ја потврди неговата замена во Роџер Гримау.

Поранешниот кошаркар кој осум години настапуваше во дресот на Барселона ќе има тешка задача да го направи успехот кој на Литванецот не му помина низ рака – да ја освои Евролигата. А, притоа ќе има и далеку помал буџет, нешто што било и причината за прекин на соработката со Јасикевичиус, тврдат шпанските медиуми.

Гримау кој потпиша договор со важност до 2025 година зад себе има тренерско искуство само во нисколигашот Сантс и јуниорскиот тим на Барселона.

Се вчитува...