Барселона го тужи Нејмар и бара 75 милиони евра отштета од Бразилецот

Каталонскиот гигант Барселона го возвраќа ударот и ќе го тужи Нејмар за сума од 75 милиони евра отштета, како одговор на тужбата на Бразилецот кој со посредство на ФИФА се обиде неуспешно да извлече 40 милиони евра од поранешниот клуб. Минатото лето тој за сума од 222 милиони евра прејде во Пари Сен Жермен, а Барселона требаше да му исплати бонус за верност, за четирите години поминати на „Камп Ноу“. Но, само неколку дена подоцна тој се пресели во Париз, а парите не ги доби.

Таткото на Нејмар ја тужеше Барселона пред ФИФА и бараше 40 милиони евра, но Светската федерација ја одби оваа негова тужба. Сега Барселона ќе се обиде со своите адвокати да зададе противудар. Ќе се обиде да докаже дека Нејмар не го почитувал договорот и на поранешниот клуб му е должен дури 75 милиони евра. Тоа би биле две годишни плати на Бразилецот во ПСЖ.

Се вчитува...