Барселона го „збриша“ Кил и закажа финале со Алборг во Келн

За разлика од Алборг кој дури во финишот го скрши отпорот на Магдебург и победи со 28-26, Барселона низ целосна доминација го елиминираше и вториот германски претставник на Ф4 во Келн, со победа од 30-18 и обезбеди финале во ракометната ЛШ.

Барселона ја искористи слабата игра на Кил, особено на стартот на вториот дел, па направи разлика која беше недостижна за Германците. Барселона го имаше тој луксуз дури и да игра со резервниот состав во финишот, и да ги одмора најдобрите за финалето утре.

Ричардсон со пет гола беше најефикасен на средбата со пет голови, додека кај Кил целосно потфрлија и во нападот, па Дувњак беше најефикасен со четири гола.

Германска пресметка Кил – Магдебург ќе играат за трето место, додека Алборг и Барселона ќе се борат за големиот трофеј.

Се вчитува...