Барселона и Макаби на само една победа од Ф4 во Евролигата

Барселона ја дели само уште една победа од пласман на Ф4 турнирот од Евролигата, откако во третиот меѓусебен дуел од четвртфиналето славеше на гостувањето против Олимпијакос во продолжението со 80-82.

Максимално неизвесен меч во кој Каталонците најпрво се извлекоа од негативата во финишот, доаѓајќи до 71-71 во последните секунди од средбата. А, потоа продолжението од пет минути Барселона го доби со 9-11 за победа за водство од 2-1 во четвртфиналната серија.

Најефикасен во победничкиот тим беше Весели со 16 поени, а Србинот Петрушев беше најдобар кај Олимпијакос со 18 постигнати поени.

И Макаби Тел Авив е на само една победа до Ф4 откако во третиот натпревар триумфираше со 85-83 против Панатинаикос, па сега води со 2-1 во серијата.

Во крајно драматичен меч израелскиот тим дојде до победата благодарение на расположениот Американец Небо кој дуелот го заврши со 22 поени и 9 скока. Нан кај Панатинаикос заврши со 25 постигнати поени.

Се вчитува...