Барселона се соочува со голем проблем во пресрет новата сезона во која ќе има намален буџет по новиот европски неуспех во сезоната 2022/23. Каталонците мораат да се решат од услугите на најплатениот играч во тимот, Никола Миротиќ, но преговорите не одат во добар правец.
Крилниот центар има важечки договор уште две години за чие раскинување Барселона мора да искешира голема сума на пари со оглед на тоа што првата понуда на каталонскиот тим е одбиена од страна на агентите на Миротиќ, пренесуваат шпанските медиуми.
За услугите на искусниот кошаркар зад кој е и НБА искуство постои интерес од Милано и Олимпијакос, но до преселба нема да дојде доколку не се најде заеднички јазик со Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА