Барселона и Наполи ќе играат пред празни трибини?

Возвратниот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи најверојатно ќе се игра без навивачи. Пред три дена шпанскиот министер за здравство, Салвадор Иља изјави како нема опасност натпреварот меѓу Барселона и Наполи да се одложи или да се игра пред празни трибини. Сепак, ситуацијата во последните три дена драстично се промени. Имено, властите на Каталонија упатија службено барање натпреварот да се одигра без публика.

Барањето доаѓа поради стравот дека присуството на навивачите може да предизвика дополнително ширење на вирусот, посебно бидејќи се работи за клуб од Италија која е најмногу погодена од епидемијата.

Претходно донесена е одлука натпреварот меѓу Валенсија и Аталанта во Лигата на шампионите да се одигра без публика, како и дуелот од Лигата на Европа меѓу Интер и Хетафе.

Се вчитува...