Барселона и ослабена без Левандовски и Гави, триумфално со Валенсија (ВИДЕО)

Барселона иако ослабена без Левандовски, Гави, Дембеле, Педри…, триумфираше со 1-0 против Валенсија во 24. коло во шпанската Ла Лига против Валенсија. На тој начин Каталонците дополнително си се зацврстија на врвот од табелата, сега со десет бода пред Реал Мадрид.

Поради суспензија на клупата го немаше ниту Чави, но очигледно е дека добро ја подготви екипата за натпреварот кој почна на најдобар можен начин за нив и кој беше решен со гол уште во раната фаза.

Каталонците офанзивно почнаа од самиот почеток, за да во 15. минута биде приредена вистински мајсторска акција која беше типична слика за играта на Барселона. Серхио Бускетс одлично асистираше за Рафиња кој уфрлувајќи се во гостинскиот шеснаесетник мајсторски погоди со глава за водство од 1-0.

Тој гол се покажа доволен за трите бода на каталонскиот тим кој во 55. минута не реализираше и удар од белата точка преку Торес. Од 59. минута Барселона играше и со фудбалер помалку по исклучувањето на Араухо, но тоа не им пречеше да дојдат до победата.

Се вчитува...