Барселона и ПСЖ се договорија, Торес блиску до Париз

Феран Торес е на чекор од преселба од Барселона во Пари Сен Жермен, а трансферот би требало да биде официјализиран во следните неколку дена.

Шпанскиот репрезентативец веќе постигнал договор со францускиот шампион за соработка до 2031 година, а во изминатите денови Деко и Луис Кампос ги водеа преговорите околу обесштетувањето.

Според информациите на „Марка“, Барселона и ПСЖ се договориле за трансферот, а парижаните подготвуваат понуда вредна околу 50 милиони евра.

Торес требаше да продолжи со тренинзите со Барселона утре или задутре, но поради тоа што трансферот е во завршна фаза, најверојатно ќе добие пауза. Наместо да се врати во Каталонија, неговата желба е директно да отпатува за Париз и да го комплетира трансферот.

Преселбата на „Паркот на принцовите“ може да има влијание и врз другите трансферни планови на ПСЖ. Имено, евентуалното пристигнување на Торес би можело да ги олесни преговорите со Ливерпул за Бредли Баркола.

Се вчитува...