Барселона и се е можно – Во две минути прокоцкаа се што градеа еден час (ВИДЕО)

Барселона одлично го стартуваше мечот против Елче и по само 19. минути веќе имаше предност од 2-0. И кога сите мислеа дека тоа ќе биде конечно една рутинска победа на Каталонците сезонава, повторно почнаа да се случуваат чудни работи.

Се што градеа избраниците на Чави 60. минути, успеаја да го прокоцкаат во само две минути. Прво Тете Моренте во 62. минута намали на 2-1, а само 60 секунди подоцна Миља успеа да израмни на 2-2.

 

 

 

Се вчитува...