Барселона и со втора победа над ПСЖ за место на Фајнлфор

Ракометарите на Барселона сосема очекувано си обезбедија место на Фајнлфор турнирот од Лигата на шампионите, откако славеа и во втората четвртфинална пресметка против ПСЖ.

Каталонскиот тим, по победата од 22-30 на првиот меч, сега славеа со 32-31 против Французите.

Дика Мем со шест гола беше најефикасниот кај Барселона, а на ПСЖ не им помогна ниту одличната партија на Пранди кој мечот го заврши со 10 постигнати гола.

Се вчитува...