Барселона им пресуди на Кире Лазаров и Нант уште во Франција

Барселона направи огромен чекор напред кон пласман на Ф4 во Келн, откако славеше на гости против Нант со 25-32 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Претстои и реванш во Шпанија, но јасно е дека Кире Лазаров и соиграчите имаат само теоретски шанси да ја надоместат оваа негатива во „Блауграна“.

Барселона на полувремето создаде четири гола предност (12-16), а во вториот дел и ја надгради, и со одлична позитива патува дома. Кире Лазаров на овој дуел беше стрелец на два гола. Во домашниот состав најрасположен беше Ривера со осум гола, а во победничкиот тим на Барселона блескаше Фабрегас со седум погодоци.

Се вчитува...