Барселона им се врати на победите во Евролигата

Барселона триумираше на гостувањето во Литванија кај Жалгирис со … во натпревар од 12. коло во кошаркарската Евролига. Каталонците во текот на целиот меч беа подобар протник и заслужено стигнаа до деветтата победа сезона, по минатонеделниот изненадувачки пораз од француски АСВЕЛ.

Брендон Дејвис со 16 поени и Кајл Курич со еден помалку беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Хајс и Ловерњ завршија со по десет поени.

Со оваа победа Каталонците повторно избија на првата позиција со скор од девет победи и два порази, додека Жалгирис останува единаесетти со пет победи и седум порази.

Се вчитува...