Барселона има помалку од 72 часа да се договори во Миротиќ

Барселона го започна процесот за раскин на договорот со Никола Миротиќ, но има 72 часа да најде заеднички јазик со шпанскиот репрезентативец бидејќи во спротивно богатиот договор на крилниот центар ќе биде вклучен во буџетот за престојната сезона.

Крајниот рок за раскин на договроот истекува на 1-ви јули и доколку не дојде до меѓусебен договор Шпанецот со балканско потекло ќе предизвика големи проблеми во обид да се направи респекталибен тим за престојната сезона и тоа ќе се одрази не само за кошаркарскиот, туку и за фудбалскиот тим, пренесуват „Баскетњуз“.

Миротиќ кој има важечки договор вреден 22 милиони евра за следните две сезони одбива да го раскине договорот без големо обесштетување, а првите преговори пропаднаа. Доколку не се најде заеднички јазик Барселона ќе го раскине договор без меѓусебен договор со Миротиќ и тоа ќе резултира со префрлање на процесот на суд.

Се вчитува...