Барселона изненадена од Монпелје, Митревски со само две одбрани за Порто

Барселона не успеа да го освои првото место пред Магдебург во Групата Б на крајот од групната фаза во Лигата на шампионите, откако во последното коло загуби од Монпелје со 34-37.

Феноменалниот Бразилец Монте со 11 гола беше најефикасен во победата на францускиот тим.

Висла Плок, пак, триумфираше со 29-28 против Порто за кој македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше лош ефект од само две одбрани од 26 шута кон својот гол.

Висла Плок со оваа победа продолжува во елиминациската фаза, а Порто и Митревски ги завршија натпреварите во Лигата на шампионите.

Се вчитува...