Барселона ја демолираше Алба среде Берлин

Барселона ја забележа и шестата победа во новата сезона од Евролигата, наспроти само еден пораз, триумфирајќи убедливо на гостувањето против Алба во Берлин со 67-103.

Уште по првиот период од играта се беше јасно на натпреварот. Каталонскиот тим ја доби првата четвртина со 18-30, а се понатаму значеше само дополнително зголемување на предноста, за на крајот и конечна победа од 36 поени разлика.

Најефикасен во победата беше Никола Миротиќ со 18 поени, Алекс Абринес запиша 17 поени а Роланд Смитс го заврши мечот со 13 поени. Симоне Фонтекио со 17 поени беше најефикасен кај домашните.

Се вчитува...