Барселона ја посакува ѕвездата на Манчестер Сити

Финансиските проблеми кои ги создаде пандемијата на коронавирус продолжуваат да бидат пречка за Барселона и во новата сезона. Поради нив каталонците не можеа да го задржат Лео Меси во своите редови, поради нив заминаа и Антоан Гризман, Емерсон Ројал и Илаиш Мориба, но со тоа беше ослобден и голем финансиски товар.

Па така финансиите потребни за платите на играчи од 443 милиони долари се скратија за 112 милиони долари на годишно ниво, а со тоа се отвори и врата за нови засилување во зимскиот преоден рок.

Една од желбите за Роналд Куман е ѕвездата на англиската репрезентација и Манчестер Сити, Рахим Стерлинг. 26-годишниот напаѓач кој отпадна од составот претходната сезона, а за оваа ја врати довербата кај Пеп Гвардиола, но и покрај тоа сака да се пресели во нова средина.

Покрај Стерлинг желба на каталонците е и поранешниот член на „Ла Масија“, Дани Олмо, но веројатноста дека шпанскиот состав ќе успее да ангажира нов играч со врвен квалитет оваа зима е мала, пренесуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...