Барселона ја тресе најголемата криза во историјата: Клубот живее во диктатура

Откако пред само неколку месеци Барселона се најде во проблеми поради судирот меѓу Лионел Меси и Ерик Абидал. Сега повторно е „бурно“ во тимот поради намалувањето на платите на фудбалерите.

Барселона со фудбалерите договори намалување на платата од 70%, но сето тоа ги раздрма позициите на претседателот Бартомеу. Шпанските медиуми пишуваат дека фудбалерите на чело со Меси почнале бунт против него и диктатурата која ја спроведува.

Емили Роусауд и Енрике Томбас, двајца потпретседатели на Барселона, застанаа зад играчите давајќи им поддршка во судирот со Бартомеу, па првиот човек на каталонскиот тим веднаш ги разреши од должноста.

Томбас полудел поради сето тоа, но не сакајќи да се огласува во јавноста, додека Роусауд отворено истакна дека тој чин е „предавство“.

Шпански „Спорт“ пренесува дека следни на листата за отказ се директорите Силвио Елиас и Жозеп Понтас, кои всушност веќе се поранешни, само се чека моментот тоа да се објави. Каталонците наведуваат дека никој не може да предвиди во која насока сето ова ќе се одвива.

Се вчитува...