Барселона ја тресе скандал за можна корупција!

Шпанските медиуми открија голем скандал поврзан со Барселона. Тимот од „Ноу Камп“ помеѓу 2016 и 2018 година, за време на мандатот на Жозеп Бартомеу, уплатила 1,4 милиони евра на компанија која е сопственост на поранешниот судија и поранешниот потпретседател на судиската комисијата на Шпанската федерација, Хозе Марија Енрикез Негреира.

Веста била објавена во вторникот. Барсала уплатила 532 илјади евра во 2016, 541 илјади евра во 2017, и 318 илјади евра во 2018 година на фирмата „Данснил 95 СЛ“ во сопственост на Негреиро. Последната уплата се поклопува со заминувањето на Негреира од позицијата потпретседател на судиската комисија.

Истрагата за корупција почнала поради негеруларноста за одданочување на тие 1,4 милиони евра, затоа што компанијата не можела да ги објасни причините за наплатените услуги. Негреира не прикажал ниту еден документ кој докажува дека давал услуга на Барселона. На прашањето, Негреира рекол дека неговите услуги се состоеле од усмени совети до фудбалерите на Барселона како да се однесуваат кон судиите.

Поранешниот претседател Бартомеу кажа дека уплатите престанале исклучиво поради намалување на трошоците, а такви услуги барале од 2003 година, но претходно од други компании.

Се вчитува...