Барселона ја зголеми понудата за Ерик Гарсија

Каталонскиот гигант Барселона е силно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија. Тој всушност би се вратил на „Камп Ноу“, со оглед дека е изданок од школата „Ла Масија“ кој по докажување и поголема минутажа како младинец замина во Манчестер Сити. Тренерот Роналд Куман смета дека би бил одлично решение за дефанзивната линија.

Барселона ја зголеми понудата за негов ангажман на 15 милиони евра. Наддавањето меѓу двата клуба интензивно трае речиси цел месец. Ерик Гарсија има договор до јуни 2021 година, Барселона прво понуди 10 милиони евра, а Манчестер Сити стои на ставот дека за да дозволи трансфер на одбранбениот фудбалер заинтересираниот клуб треба да плати 22 милиони евра.

Пеп Гвардиола веќе го доведе Натан Аке, а сака да го купи и Хозе Хименез од Атлетико Мадрид, па јасно е дека ќе нема многу простор за Ерик Гарсија во составот на „граѓаните“.

Се вчитува...