Каталонскиот гигант Барселона драматично ги намали платите на фудбалерите поради финансиските проблеми предизвикани од коронавирусот, а ќе продолжи да штеди и во наредните месеци. Клубот нема да одвојува преголеми средства за ангажман на нови фудбалери.
Во еден таков план, Барселона сака да го доведе левиот бек на ПСЖ, Левин Курзава. На францускиот интернационалец му истекува договорот со клубот на крајот на јуни, а тој како слободен агент би пристигнал на “Камп Ноу” на 1 јули. За Курзава постои интерес и од англискиот премиерлигаш Арсенал.
Каталонците се решени да го продадат Фирпо, откако овој лев бек не ги оправда очекувањата по ланскиот трансфер од редовите на Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА