Барселона ќе искористи интересен „трик“ за да го врати Нејмар од ПСЖ

Каталонскиот гигант Барселона повторно ги интензивира преговорите со агентот на Нејмар околу можноста за негово враќање на „Камп Ноу“. Бразилецот исто така дава сигнали дека сака да се врати во Барса, а раководството на клубот најде „дупка во законот“ на УЕФА и ќе се обиде да го искористи. Како што наведува „Ас“, правниот сектор на Барселона ќе го употреби членот 17 од актите на ФИФА кој вели дека фудбалерот може по негова желба да го напушти клубот и да си замине доколку три години бил дел од актуелниот клуб.

Нејмар пред три години од Барселона се пресели во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиони евра. Сега би можел во спротивна насока, но трансферот нема да биде вреден повеќе од 150 милиони евра. Проценките се дека е можно и големо намалување на сите трансфери поради финансиската криза предизвикана од Covid-19.

Се вчитува...