Барселона ќе му ја исполни желбата на Меси: Пушта пет фудбалери, за да донесе еден…

Лионел Меси неодамна порача дека следната сезона би сакал во Барселона да игра со сонародникот Лаутаро Мартинез. Па, каталонскиот клуб сега прави се што може за да му ја исполни желбата.

Отштетната клаузула за Мартинез изнесува 111 милиони евра, а Барселона нема намера да му плати толку на Интер, посебно и поради финансиската криза.

„Кориере дела спорт“ денеска јавува дека би можело да се договори размена на фудбалери. Барселона е подготвена на Интер да му пушти пет фудбалери кои не се вклучени во каталонскиот состав како Семедо, Видал, Артур, Ален и Тодибо

Интересно, Барселона можеше да го има Мартинез пред две години за 25 милиони евра. Аргентинецот на клубот го препорачаа скаутите Роберт Фернандез и Урбано Ортега, но Барселона се откажа од негово купување.

Се вчитува...