Барселона ќе пазари од Баерн Минхен

Барселона е заинтересирана за услугите на Давид Алаба кој повеќе не е неопходен за Баерн Минхен.

Желбата на Каталонците е да се најде фудбалер кој ќе го растовари Жорди Алба, а по доаѓањето на Хернандез во Баерн сега Алаба е на излезна врата и потенцијален нов играч на Барселона.

Алаба досега има одиграни 335 натпревари за Баерн од 2009 година, и по 10 години очигледно и сака да ја промени средината.

Се вчитува...