Барселона лесно до полуфиналето на Супер Глоуб

Ракометарите на Барселона без никакви проблеми си обезбедија полуфинале на Супер Глоуб турнирот, откако во четвртфиналето славеа против Ал Духаил Лахвија од Катар со 38-26.

Каталонците во текот на целиот меч имаа контрола на играта и резултатот. Најефикасен беше Алекс Гарсија со шест гола, а по пет запишаа Фабрегас и Доленец.

Барселона во полуфиналето ќе игра против домашниот тим Ал-Вехда.

Последниот полуфиналист ќе биде познат по дуелот меѓу Вардар и Мудхар кој стартува од 19 часот. Победникот од овој меч во полуфиналето ќе игра со германски Кил кој во четвртфиналето славеше против египетски Ел Замалек со 32-28.

Се вчитува...