Матијас Лесор може да тргне по стапките на доскорешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер кој прифати богата понуда од каталонците вредна шест милиони евра и да му се приклучи во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Францускиот центар блескаше во „црно-белите“ бои оваа сезона и на масата има големи понуди на кои тешко дека ќе одолее. Покрај Барселона интерес за 27-годишникот покажува и Панатинаикос кој влезе во новата ера под водство на Ергин Атаман.
Лесор кој пред Партизан настапуваше за Монако, Макаби Тел Авив, Црвена Звезда, Баерн Минхен, Уникаха, Шалон и Нант оваа сезона бележеше просек од 12.0 поени, 7.1 скок, 1.4 асистенции, 0.9 украдени топки и 0.8 блокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА