Барселона нема пари ни за Депај?

Каталонскиот гигант Барселона нема доволно финансии за да го купи Мемфис Депај, тврди претседателот на Лион. Наводно, првиот човек на Барса, Хозеп Мариа Бартомеу, тоа и официјално му го признал.

„Барселона нема финансии за да испрати понуда за Депај. Тоа лично ми го призна Бартомеу”, истакна Жан-Мишел Аулас, претседателот на Лион.

Медиумите во Шпанија најавија дека трансферот на Мемфис Депај е договорен за 30 милиони евра.

Се вчитува...