Кога Франк Кеси во летото 2022 година дојде во Барселона, и тоа како слободен агент, сите најавуваа дека „Каталонците“ добија огромно засилување. Но, играчот од средниот ред од Брегот на Слоновата Коска до сега запиша 38 настапи, и тоа главно како резерва.
Шпански „спорт“ пишува дека сега играчот би можел да биде продаден, со цел Барса да го исполни финансискиот фел-плеј, за да донесе нови играчи и да го врати Лионел Меси.
На доаѓањето на Кеси не се потрошени пари, што значи дека можат и да заработат. Кеси е проценет на 35 милиони евра, а сигурно за оваа сума би можел веднаш да најде нов клуб. Проблем може да биде само неговата плата. Инаку се пишуваше дека Барса би можела да го продаде и Кристенсен, меѓутоа Чави засега одбива можност да се откаже од Данецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА