Барселона повторно ќе купи клучен играч на Ајакс

Каталонскиот гигант Барселона фрли нов поглед кон Амстердам и има план да ангажира нов фудбалер од редовите на Ајакс. По Френки де Јонг, кој дојде на „Камп Ноу“ минатото лето, сега составот на Кике Сетиен би можел да се засили со Николас Таљафико. Левиот бек на холандскиот клуб треба да биде ново решение за зголемување на конкуренцијата за Жорди Алба, откако Жуниор Фирпо не ги задоволи вкусовите на раководството и на стручниот штаб.

Фирпо одигра 12 натпревари, постигна еден гол, но не се снајде најдобро во тимот на Барселона.

Каталонците подготвуваат понуда вредна 30 милиони евра за Таљафико и се надеваат дека Ајакс ќе му дозволи на одличниот аргентински интернационалец да си замине. Двата клуба имаат пријателски односи, а Таљафико е согласен да се пресели на „Камп Ноу“.

Се вчитува...