Барселона повторно „топло-ладно“, но сепак стигна до триумф над Елче (ВИДЕО)

Барселона славеше против Елче со 3-2 во повторно еден натпревар во кој Каталонците беа од слава до очај. Барселона одлично го стартуваше мечот против Елче и по само 19. минути веќе имаше предност од 2-0. И кога сите мислеа дека тоа ќе биде конечно една рутинска победа на Каталонците сезонава, повторно почнаа да се случуваат чудни работи.

Се што градеа избраниците на Чави 60. минути, успеаја да го прокоцкаат во само две минути. Прво Тете Моренте во 62. минута намали на 2-1, а само 60 секунди подоцна Миља успеа да израмни на 2-2.

Сепак, на крајот успеаја некако да се извлечат и уште еден член од „Ла масија“, Нико во 85. минута да донесе победа од 3-2.

 

 

 

Се вчитува...