Барселона прави последен обид за купување на Лаутаро Мартинез

Барселона ќе прави последен обид за да го купи Лаутаро Мартиенз од Интер откако клубот ослободи одредена сума пари со продажбата на неколку фудбалери. Интер не попушта за висината на трансфер цената на Лаутаро. Италијанскиот клуб бара 90 милиони фунти што за Барселона е премногу висока сума со оглед дека клубот беше силно погоден финасиски поради пандемијата на коронавирусот.

Сепак со продажбата на Артуро Видал, Нелсон Семедо и на Луис Суарез во последниве неколку дена, Барселона може да си дозволи да прави уште еден обид за трансфер на Лаутаро. Дополнително оваа сума со која сега калкулира Барса ја зголемуваат продажбите на Артур Мело и на Иван Ракитиќ. Според шпанските медиуми од парите што Барселона ги давала за плати се намалени 64 милиони фунти.

Но, во клубот се свесни дека ако одговорат на барањето на Интер за Лаутаро нема да можат да се засилат на други позиции. Преодниот рок завршува на 5.октомври.

 

 

 

Се вчитува...