Каталонскиот гигант Барселона со убедлив триумф над Вилјареал ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но тренерот Роналд Куман не се залажува дека се ќе оди така глатко во продолжението на сезоната. Затоа сака да состави тим по свој вкус, а тоа значи и сонародникот Мемфис Депај од Лион да дојде на „Камп Ноу“. Сепак, Барселона мора да отвори простор за негов ангажман со продажбата на Осман Дембеле.
Французинот е поставен на трансфер – листа и раководството на каталонците притиска за негова итна продажба. Но, фудбалерот не сака ниту да слушне за да замине од „Камп Ноу“. Тој пристигна за повеќе од 100 милиони евра, а сега би бил продаден за двојно помалку. Се водат преговори со Манчестер Јунајтед и со Ливерпул, но прашање е дали зделката ќе биде склучена до истекот на летниот преоден рок.
Барселона би го продала Дембеле за 50 милиони евра и веднаш тие пари би ги вложила за да го купи Мемфис Депај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА