Барселона против Атлетико Мадрид, во полуфиналето на Кралскиот куп

Фаворитите за освојување на трофејот во Купот на Шпанија, Барселона и Атлетико Мадрид, ќе се пресметаат меѓусебе во полуфиналето. Ждребот не им беше наклонет на овие два тима, со оглед дека другата полуфинална двојка ја сочинуваат Селта и Алавес. Првите натпревари се на програмата на 1.февруари, а реваншите седум дена подоцна. Атлетико Мадрид е домаќин на првиот дуел, а реваншот ќе се игра на „Камп Ноу“.

Трофејот го брани Барселона која беше победник во ова натпреварување во последните две сезони.

Се вчитува...