Барселона се договори со Сержињо Дест од Ајакс

Каталонскиот гигант Барселона ги договори условите за ангажман на десниот бек на Ајакс. Младиот Американец ќе потпише петгодишен договор, а Ајакс ќе добие 20 милиони евра отштета, плус 5 милиони како евентуални бонуси.

Барселона успеа да излезе како победник со европскиот првак Баерн Минхен во трката за Сержињо Дест. Сепак, медиумите во Холандија тврдат дека каталонскиот клуб имал речиси двојно поголема понуда.

Сержињо Дест има три настапи за најдобрата фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави.

Се вчитува...