Барселона се намачи, но успеа да го одбрани домашниот терен од Зенит

На Барселона и Зенит им требаа дополнителни пет минути во вториот натпревар од четвртфиналето во Евролигата по кој каталонците успеаа да ја изедначат серијата на 1-1 со триумф од 81-78. Двата тима повторно одиграа одличен натпревар проследен со многу тактизирање каде преовладуваше играта во одбрана.

Одбраната беше во преден план на денешниот натпревар, а по минималното водство на Зенит во првата четвртина (13-16), домаќините ја превземаа иницијативата до полувремето. Каталонците одиграа добро во нападот па по 20. минути игра имаа преднсот од 38-29. Зенит одговори на вистински начин во третата четвртина (10-19) со што рускиот состав го изедначи резултатот на влезот на одлучувачките десет минути (48-48).

Барселона имаше шанса да стигне до значајна предност на три минути пред крајот на средбата кога замина на позитива од два поседа, но Зенит преку одличната одбрана експресно донесе ново изедначување. На рускиот состав му припадна и последниот напад од регуларниот дел, но Пангос не успеа да донесе нова победа за својот тим со шут од полудистанца.

Во дополнителните пет минути повторно следеше неизвесен натпревар во многу тактизирање, а победникот беше одлучен на 13 секунди пред крајот со двете слободни фрлања на Ханга.

Брендон Дејвис беше првото име во Барселона со 23 поени и 8 скока, додека Кевин Пенгос ги предводеше гостите со 22 поен и 3 асистенции.

По овој меч четвртфиналната серија продолжува во Санкт Петерсбург каде првиот натпревар на руско тло ќе биде одигран во среда.

Се вчитува...