Барселона се ослободи од „токсичниот“ Бартомеу, но останува во длабока криза

Жозеп Марија Бартомеу и целиот Управен одбор на Барселона си поденсоа оставки. Бартомеу не сакаше да биде првиот претседател кој бил избркан со гласање недовореба. На неговите противници им беа потребни 66 проценти од гласовите за да се ослободат од него, проценките беа дека ако дојде до гласањето дури 80 проценти од гласовите ќе бидат против него.

Бартомеу требаше да си замине во март, по исполнувањето на двата дозволени мандати, но мораше да си оди порано поради набилданото незадоволство во клубот од него. И покрај успесите на клубот за време на неговто владеење сепак тој направи потези кои предизвикаа револт пред се кај навивачите. Како еден од најголемите гревови му се смета проблемот со Меси. Сега останува отворена можноста Меси и да остане иако цвртсо бараше да си замине летово и најави заминување на крајот од оваа сеозна.

Она со што ќе мора да се бори новиот претседател  и новиот Борд на Барселона е длабоката финансиска криза. Клубот е во катастрофална состојба. Нова управа ќе мора да размислува многу отоврено, ќе треба веројатно да продава имот и играчи за да може да исплаќа плати.

На Барселона ќе и требаат четири до пет години за да се врати во нормала. Токсичната атмосфера која се создаде околу Бартомеу веќе ја нема сега клубот треба да си ја врати финансиската стабилност.

Се вчитува...