Барселона смирува, Меси ќе игра против Реал Мадрид

Барселона ќе му се спротивстави на Реал Мадрид в среда на дуелот од полуфиналето во Купот на Кралот предводена од лидерот Лео Меси. Каталонскиот тим соопшти дека повредата на која што се пожали аргентинскиот ас не е воопшто сериозна и оти нема да има потреба од дополнителни прегледи.

На Меси му бил направен ултразвучен преглед веднаш во соблекувалната и било констатирано дека повредата е минорна. Тој веќе в понедленик ќе биде на тренинг со тимот.

Меси вчеравечер ги постигна двата гола со кои Барселона ја достигна предноста од 2-0  на Валенсија и се избори за реми.

Се вчитува...