Барселона со еден гол ја „потопи“ жолтата подморница (ВИДЕО)

Барселона продолжува да ниже победи во шпанската Ла Лига, откако во денешното 21. коло го совлада тимот на Вилјареал и тоа на гости со минимални 0-1.

Барселона имаше целосна доминација во првиот дел, но по промашувањата на Левандовски, Полјакот во 18. минута асистираше до Педри кој успеа да го совлада Реина и да донесе водство за „каталонците“.

Како одминуваше крајот на првиот дел, Вилјареал беше се поопасен, а најдобрата шанса ја имаше Моралес кој излезе сам пред голот, но шутираше само крај голот во 45. минута.

Во вториот дел Барселона во 63. минута можеше да го реши прашањето околу побендикот, но Рафиња за малку го промаши голот. Барселона трепереше до крајот за победата, а Чуквуезе постигна гол кој беше оправдано поништен поради офсајд.

Со оваа победа Барселона уште повеќе се зацврсти на првата позиција на табелата. Реал Мадрид ова коло не играше поради обврските на светското клупско првенство.


Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...