Барселона со пенал во финишот го освои Елче (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона стигнаа до уште една победа во домашниот шампионат, откако попладнево во тешка борба успеаја да слават на гостувањето кај Елче со 1-2 во натпревар од 27. коло во Ла лига.

Домаќините поведоа со голот на Фидел во 44. минута. Елче успеа да одолева на нападите на Каталонците се до 61. минута кога Феран Торес израмни на 1-1, а конечните 1-2 беа дело на Мемфис Депај од пенал во 84. минута.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...