Барселона со пресврт до победа против Реал Сосиедад (ВИДЕО)

 Фудбалерите на Барселона дојдоа и до шесттата победа сезонава во Ла Лига, славејќи против Реал Сосиедад на домашен терен со 2-1.

Триумфот на каталонскиот тим беше обезбеден уште во првото полувреме, иако гостите први поведоа со голот на Вилијан Хозе во 27. минута.

Сепак, Барселона преку Алба во 31. минута израмни, а Де Јонг во 43. минута ги постави конечните 2-1.


По овој триумф, Барселона со 20 бода се проби на петтата позиција на табелата, а Реал Сосиедад остана на 26 бода на делба на лидерската позиција.

Се вчитува...